СРПСКА СТРАНКА ВО МАКЕДОНИЈА е за една изборна единица без цензус или за загарантирани места

Веќе 8 години Српска странка во Македонија поднесува иницијатива и предлог за промена на изборниот закон.
Оваков закон со 6 изборни единици нее одржлив а неприфатлив за партиите со етнички предзнак како што се српските,турските,ромските,влашките,бошњачките и торбешките.
Како и во предходните 8 години и сега Српска странка во Македонија е за една изборна единица без цензус.
Во случај да има било каков цензус за што се залагаат СДСМ,ВМРО,ДУИ,ВРЕДИ и другите партии тогаш Српска странка во Македонија е за загарантирани пратенички места и тоа 2 пратеника од српските партии,2 пратеника од турските партии,2 пратеника од ромските партии,1 пратеник од бошњачките партии,1 пратеник од влашките партии и 1 пратеник од торбешка партија.
Со нашите предлози ќе има застапен представник од сите народи што живеат во државата што сите го заговараат меѓутоа кога треба да се оствари македонските и албанските партии се договараат и се против ваков предлог и секогаш се вадат треба да има консензус.
Како може да има консензус кога македонските и албанските партии до сега беа секогаш против ваков реален предлог.

Претседател на
Српска странка во Македонија
Мирослав Јовановиќ
ССМ