СРПСКА СТРАНКА ВО МАКЕДОНИЈА е против промена на грбот, химната и законот за јазици на Македонија

На состанокот на Централен одбор на Српска странка во Македонија покрај другите донесени се и следните одлуки :
-Секоја влада во С.Македонија менува документи,име или ознаки на држава се со цел да земе огромни суми на пари од граѓаните а државата има само штета
-Со промена на грбот се менуваат сите лични документи,владата ќе добие 400 000 000 евра а граѓаните ќе осиромашат и ќе се нервираат поради гужви
-Некои велат да има лав,рис или било кое друго животно за лого иако знаат дека сегашниот државен грб има континуитет од НОБ и АСНОМ
-Со промена на грбот,химната и законот за јазици ќе доведе до дестабилизација и бинационализација и поделба на државата
-Додека другите народи не бараат поголеми права абанските партии немаат граница за нивните барања и тоа треба во очи да им се каже
-За било која измена во уставот треба да се прашаат граѓаните на референдум
-Наместо промена на грб,химна,закон за јазици треба под итно да се работи на намалување на сите цени во маркетите,аптеките,банките,да се укинат коцкарниците и намалување на другите цени, отворање на ДОМАШНИ фирми,закрепнување на земјоделието,образованието,здравството,подигање на платите и пензиите за да се задржат овие граѓани што се во државата.

ССМ