ПРАТЕНИКОТ ОД СРПСКАТА ПАРТИЈА ЈОВАНОВИЌ НЕ ГЛАСАШЕ ЗА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА

Пратеник од српската партија во коалицијата со СДСМ, Mирослав Јовановиќ не гласаше за техничката влада. Јовановиќ, од српската партија ССМ (Српска странка во Македонија) и пратеник од коалицијата на СДСМ, не гласаше за техничката влада.
Јовановиќ вчера беше присутен во Собранието, но замина од собраниската сала пред гласањето.
„Вчера не гласав, а бев присутен на изгласувањето на дневниот ред, а потоа излегов бидејќи ние со одлука на Централен одбор на партијата донесовме одлука да не гласаме бидејќи не сме договорени во коалицијата за иден премиер од партијата на ДУИ. Се договараа тогашниот претседател на СДСМ, Заев со Али Ахмети, а ние воопшто не сме координирани за тоа бидејќи не сме се договарале“, вели пратеникот за Канал 5.
Дека нема да гласа за техничката влада, Јовановиќ најавил уште на лидерската средба која се одржа во декември.
Медиуми од Косово и Албанија посветија многу внимание на настанот.

ССМ